(Фото) Каролина со нов имиџ: Една фотка илјада зборови

Lifestyle, Забава, Сцена

Македонската популарна пејачка Каролина Гочева ги изненади своите фанови на социјалните мрежи споделувајќи фотографија на која позира во сосема неочекувано спортско издание.

Пејачката навикнавме да ја гледаме во елегантни-шик изданија, а на последниот настап блесна во розова модна комбинација со екстра мини здолниште. Секако и убаво нашминкана.

Но овојпат таа изненади со сосема различен стајлинг, односно имиџ.

Каролина позира во центарот на Скопје, во близина на нејзиниот дом, а насекаде околу се жолтите лисја, додека уличката дише во здивот (и миризбата) на есента.

Таа е облечена во хеланки во комбинација со спортски патики и кожена кратка јакна, а модниот избор е освежен во типично италијански стил – со нагрнато џемперче во нежна виолетова нијанса.

Тука се и црните очила за сонце за заокружување на новиот имиџ.

Па, како ви се допаѓа македонското девојче?