(Фото) Џони Деп го промени имиџот и ги разочара обожавателите: „Личи на дебел смрдлив старец без заби“

Lifestyle, Забава, Сцена

Американскиот актер Џони Деп ги разочара обожавателите со својот изглед. На социјалните мрежи се појавија негативни коментари за новите фотографии на актерот.

Џони Деп (59) беше расположен и поразговара со обожавателите пред неговиот настап во Капитал театарот во Њујорк.

Ѕвездата на „Пиратите од Карибите“ беше облечена во црна кошула со бел вез, црни фармерки и син качкет. Новите фотографии покажуваат дека Деп ги избричил мустаќите и брадата и ја напуштил „залижената“ фризура што ја носеше во последно време, а и ја зголемил телесната тежина.

Читателите на Дејли Мејл и корисниците на социјалните мрежи го критикуваа новиот имиџ на Деп и оставија многу негативни коментари под написот:

„Без заби, тажна стара будала“, „Џони, не требаше да се избричиш“, „За момент помислив дека гледам слики од Ози Озборн “, „Тој изгледа како бездомник без заби, смрдлив старец“, „Амбер Херд беше во право – тој е дебел старец“, „Тешко е да се поверува дека некогаш бил убав човек“.