Мелинда Гејтс зборува за болниот развод од Бил Гејтс и открива што правела

Lifestyle, Сцена

Мелинда Гејтс призна дека и покрај тоа што повеќе не можела да остане во брак со Бил Гејтс, разводот станал неверојатно болен за неа, пренесува американското списание „ОК“.

Поранешната сопруга на ко-основачот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс даде интервју во кое раскажа како го преживеала разводот од милијардерот по 27 години брак.

„Имав некои причини зошто едноставно не можев повеќе да останам во овој брак“, рече таа.

Според Мелинда, нејзината главна грижа за време на разводот била заштитата на децата – Џенифер, Рори и Фиби.

Таа додаде дека разводот бил „неверојатно болен на многу начини“ за неа, но и покрај сè, продолжила да работи со Бил и секој ден се трудела да ја покаже својата најдобра страна.

„Продолжив да работам со личноста од која се оддалечував, плачејќи наутро пред виртуелните средби со мојот поранешен сопруг и колегите од фондацијата“, призна таа.

Двојката објави дека се разведуваат во мај 2021 година, но сè уште се копретседатели на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“.