
Почнува 6-та сезона на емисијата „Мое село со Томче“: Уште 40 македонски села предизвик за претставување
Уредникот и водител Томче Јосимовски ја најави новата (6-та) сезона на емисијата „Мое село со Томче“ која наскоро ќе се емитува на Сител телевизија.
„Слободно пријавете село кое сакате да го посетиме и промовираме нашата емисија“, напиша Томче на својот Фејсбук профил, повикувајќи ги фановите на емисијата да го контактираат.
Инаку, години наназад на Сител во рамки на утринската програма „Ја сакам Македонија”, во вторник и четврток, се емитуваше репортажната емисија „Мое село со Томче” која ни овозможи подобро да си ја запознаеме земјата, селата и нивните жители.
Екипата на емисијата, заедно со Томче, до сега поминале 230 села, а за новата сезона се планира посета на најмалку 40-на нови села низ Македонија.
Томче нè потсетува дека во Македонија има околу шестотини села „каде што може да се отиде и да се направи прекрасна репортажа“.