
Го давеше нашето дете, нè поли со пиво и вино, врескаше и ме тресна во ѕид: Анџелина Џоли изнесе тврдења за бракот со Бред Пит
Анџелина Џоли реши да го извади „валканиот веш“ од бракот со Бред Пит.
Холивудската актерка Анџелина Џоли со години е во бракоразводна постапка против Бред Пит, а во вторникот поднесе судски документи во кои го обвини нејзиниот поранешен сопруг дека го давел едно од нивните шест деца за време на насилна расправија во приватен авион.
Џоли рекла дека однесувањето на Пит на летот од Франција до Калифорнија во септември 2016 година ги оставило децата длабоко трауматизирани, а покрај траумата им оставил и физички повреди.
Пет дена по летото, таа поднесе барање за развод, а во септември 2021 година го продаде својот удел во француската винарија што ја поседува заедно со Пит. Тој ја тужеше поради продажбата, а таа во вторникот поднесе контра тужба.
Нејзините адвокати тврдат дека преговорите на поранешните сопружници на тема Џоли да му го продаде нејзиниот удел во винаријата на Пит, пропаднале откако Пит побарал од неа да потпише изјава во која ќе потпише дека нема јавно да зборува за физичкото и емоционалното злоставување кое тој го извршил на неа и на нивните деца.
Актерката вели дека нејзиниот тогашен сопруг го „давел“ едното од шесте нивни деца кои биле присутни во авионот и додала дека друго дете силно го удрил по лице.
Џоли понатаму вели дека инцидентот започнал кога Пит ја обвинил дека „премногу ги почитува“ нивните деца и ѝ врескал во тоалетот на авионот.
Актерката потоа тврди дека Пит „ја фатил за глава, а потоа и за раменици“ и силно ја „тресел“. Ја турнал силно на ѕидот, а во еден момент Пит ја полил со пиво, па со вино, и истото го направил и на децата.