
(Фото) Тамара со мајка ѝ во Истанбул, малку забава и освоена награда, а еве што им порача на своите фанови
Тамара Тодевска деновиве престојува во Истанбул, Турција, а друштво и прави мајка ѝ.
Поводот за престојот е поканата за примање на наградата „Пејачка од Македонија“ на меѓународниот фестивал „Best of Rumeli 2022“, кој вчеравечер се одржа во Истанбул.
„Уште една награда на која сум особено горда и среќна. Благодарам „Best of Rumeli 2022“. Секое признание ми е важно, затоа што е потврда дека имаме квалитетна музика која е препознаена и вреднувана и надвор од Македонија“ – ја сподели радосната вест со своите фанови на Инстаграм.
Сепак, пред доделувањето на наградите и значајниот настан, пејачката во друштво на мајка си поминаа убави моменти во градот.
„Време за мајка и ќерка во прекрасниот Истанбул“, напиша Тамара во описот на фотографиите кои ги сподели на својот Инстаграм профил.