(Видео) Откриена нова комора за мачење во регионот Харков

Свет

Во селото Писки-Радкивски, во украинскиот регион Харков, од страна на украинската војска е откриена откриена нова комора за мачење што ја користеле руските сили.

Веста ја соопшти украинската полиција преку порака на Телеграм, а пренесена од Укринформ.

„Уште една комора за мачење на руските окупатори. По ослободувањето, нашите полицајци овде ги документираат воените злосторства на „ослободителната“ војска. Кога руската војска влегла во селото, тие ги избркале мештаните од нивните домови и таму се населиле“, се вели во објавата.

Во комората за мачење, според полицијата на Киев, напаѓачите ги држеле локалните жители во нехумани услови. Заробените биле заплашувани, тепани и малтретирани.

„Руските окупатори зад себе оставија ограбени куќи и нечистотија – заштитен знак на „рускиот свет““, се вели понатаму во објавата.