
(Видео) Историска богослужба во ЕРУСАЛИМ Гробот на ИСУС ХРИСТОС на МАКЕДОНСКИ јазик
Во Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим, Владиката Партениј служеше Божествена литургија заедно со Архиепископот Јераполски г. Исидор – Игумен на Братството на Сесветиот Гроб, од Ерусалимската Патријаршија.
– О, кога би можело да се искаже со зборови милоста со која Бог ја удостои нашата најсвета Охридска Архиепископија, та по толку столетија, архиереј од нејзините бедра да застане и да служи во Гробот од кого изгреа Воскресението и спасението на светот! И беше тоа навистина воскресение славно за сите чеда на Светиклиментовото достојание, бидејќи молитвата на нашиот Старец пред вратата со која беше отворена вечноста беше токму таа: благослов, просветление, душевно и телесно здравје, Христов спокој и радост за чедата на Црквата наша, како и „соединување на светите Божји Цркви“, според Спасителовата молитва „за сите едно да бидат“ (Јован 17,21), велат од Бигорски.
Монасите од Бигорски во Еусалим служеа со благослов на Неговото Блаженство, Патријархот Ерусалимски г. г. Теофил, и на Архиепископот г. г. Стефан, како и Митрополитот г. Тимотеј.
Погледнете видео: