
ДАНЕЛА Е ГОТОВА, најблискиот соработник на Мицкоски и побара ОСТАВКА
Советникот во град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски дирекно побара оставка од Данела Арсовска, градоначалник на Град Скопје од ВМРО ДПМНЕ.
Андоновски е еден од луѓето кои често може да се видат на средбите на Мицкоски со членови на дипломатскиот кор и амбасадори на амбасади во Македонија.
-Сметавме дека градоначалничката како профил и образование, може да се носи со предизвикот да биде главен менаџер на градот. Реализацијата на проектите можевме да ја видиме после третиот или четвртиот месец.
После одредено време видовме дека проектите стојат, реализацијата е мала, ситуациите се блокирани и видовме дека мора да бараме алтернатива како да си ги реализираме проектите.
Видовме дека тоа не функционира и го задржуваме правото кое што го имаме од првата седница дека ќе критикуваме тоа што не го бива. Граѓаните да бидат мирни, сите проекти кои што сме ги ветиле, планираме да ги испорачаме, рече Андоновски и додаде:
-Како градоначалник Арсовска од дрвата не ја гледа шумата и постојано се занимава со ситници, а не со проекти. Треба да размисли за понесување одговорност или оставка.
Данела Арсовска на тоа му одговори: Мали, смањи доживљај!