
НОВ СКАНДАЛ: ДАНЕЛА ја фати директорката на Гимназијата ЈБТ со рачето во медот
После низата скандали со директори фатени со рачето во медот, за кои е надлежен град Скопје, се појави нова афера со вмешаност во криминал на директорката на скопската гимназија Јосип Броз Тито, Силвана Кржовска.
Имено, директорката на ЈБТ имала омилена фирма и низ сите набавки кои ги спровела, случајно секогаш истата фирма победувала. Дополнително во оваа гимназија, директорката трошела на се и сешто, само не на тоа што е потребно за образовниот процес.
Оваа директорка, гиманзијата ЈБТ која беше крем во средното образование во Македонија, ја претвори во дно на истото, и по квалитет и успех и по број на запишани ученици.
Најголем проблем со омилени фирми има токму оваа гиманзија, во која директорува Кржовска, омилена на власта, но никако да биде сменета од град Скопје иако е фатена со рачето во медот, како што кажува градоначалничката Данела Арсовска.
Пазете, за одржување на зграда во гимназијата Јосип Броз Тито биле потрошени фантастични 25.000.000,00 (милиони). Со тие пари можеше да се изградат нови згради, а не да се одржуваат згради во одлична состојба како таа гимназија.
Дополнително, за луксузен мебел директорката потрошила други скоро 3.000.000,00 (милиони), и тоа не училишен мебел за учениците, туку луксузен за неа и нејзините блиски соработници.
Дополнително, само за обуки, не са знае што се обучувала оваа директорка, потрошила дополнителни 4.000.000,00 (милиони), од кои голем дел со нејзини соработници од власта на СДСМ.
За да биде скандалот поголем, истите обуки ги организирала ЕУ преку ЕРАЗМУС програмата, каде е повеќе од јасно дека се е платено од нивна страна. Тогаш каде завршија тие тешки милиони за обуки?
Скандалот се проширува што гимназијата ЈБТ во исто време набавувала тонери и принтери и во исто време плаќала услуги за фотокопирање и принтање.
И тоа за набавка на опрема за фотокопирање и принтање потрошила фантастични 2.500.000,00 (милиони) и замислете други исто толку 2.500.000,00 (милиони) платил за фотокопирање на приватна фирма.
Значи можела да купи супер квалитетни 40 принтери и да фотокопира без пари, а таа не само што потрошила милиони за набавка на опремата, туку платила на приватна фирма исто толку милиони за услуга за која можела самата да ја изврши. Каде завршија провизиите од овој бомбона бизнис, треба да одговори директорката Кржовска.
Замислете, овие пари се трошеле за време на пандемија Корона, кога гимназијата не работеше и немаше настава во просториите на истата, ниту потреба од копирање на материјали за учениците, кои беа дома и следеа електронска настава.
Сето ова директроката го спроведила со нејзини вработени послушници, како секретарот на гимназијата лицето полтрон ХН, секретар на истата политичка партија од каде доаѓа оваа директорка, што е доказ за брутална партизација спроведена во оваа гиманзија.
Значи само на овој начин кога се избираат омилени фирми за реновирање на нови згради, кога се троши на се, само не на она што е потребно, и кога имате образ ѓон и си ја партизирате институцијата, ќе имате резултати како што имате!
Сето ова го потврди советникот во град Скопје, Стефан Андоновски со приложување на соодветна документација.
Дали градоначалничката Данела Арсовска ќе реагира со разрешување на оваа директорка, фатена со рачето во медот, и дали ОЈО ќе отвори кривична постапка по допрен глас за криминал во гимназијата ЈБТ во Скопје?
Нашата редакција будно ќе ги следи случувањата и постапувањата на Град Скопје и ОЈО во овој случај на еклатантен криминал во образовна институција, каде најмалку треба да го има!