ОТЕЦ ПИМЕН го собра македонското стадо во Храмовите на МПЦ – ОА низ ЕВРОПА

РЕЛИГИЈА

Отец Пимен, митрополит на Европската Епархија на МПЦ – ОА создава свет кој преку Светата Црква го обединува нашиот раселен македонски народ насекаде низ Европа.

Покрај изградбата и обновата на многу нови и затекнати Божји Храмови низ европските метрополи, Отец Пимен и лично фрескописува дел од нив, што е доблест за еве Владика и вештина на малкумина надарени луѓе.

Нашиот духовник последните денови ги посети и собра Македонците во Храмовите на МПЦ – ОА во Крањ, Љубљана, Загреб, Дортмунд, Келн, Мајнц, Виена, Крушевац и конечно се врати во родниот Ресен.

Многу поважно од изградбата на Храмови е нивното оживување! Отецот ги наполни Храмовите со народ, особено со најмладите, децата на Македонија кои се родени насекаде низ Европа. Тој нив ги собра на куп и ги поврза со Македонија и Црквата Мајка МПЦ – ОА.

Во таа прилика, Отец Пимен скромно ќе каже: „Сполај Му на Бога за сите сретнати луѓе на патувањата и љубовта, поддршката и љубовта што Ми ја дава преку нив.“