НОВ МЕГА СКАНДАЛ: Украдени нови 7 милиони евра од граѓаните со продадена СТРУЈА

Македонија, Хроника

Власта на СДСМ и ДУИ создале систем за продавање на евтина струја, произведена во Македонија, преку фамилијарни фирми на нивните функционери, а притоа за таа струја не плаќале на МЕПСО, односно дирекно краделе од државата милиони евра во струја.

Имено, „У Повер“ фирмата во која еден од сопствениците е синот на поранешниот вицепремиер Муса Џафери продавала струја во странство, која ја преземале од МЕПСО, односно од државата Македонија, но никогаш не ја платиле, за што заработиле милиони и милиони евра, кои требало да бидат на располагање на граѓаните.

Буквално од џебот на народот на овој начин се украдени милиони евра, а тие останале да си ги трошат синовите на функционерите од власта. Тоа го овозможиле криминалците директори на МЕПСО, поставени од страна на СДСМ и ДУИ, односно Заев и Ахмети.

Со цел да го покријат криминалот, МЕПСО наводно активирале банкараска гаранција и депозитот на компанијата од која не наплатиле долг од дури 7,6 милиони евра, а за да замачкаат очи, вратиле само 600.000 евра или 7 милиони евра народни пари останале кај фирмата.

Тоа се фактури за балансната струја на МЕПСО која ја користеше „У Повер“ за да не набавува електрична енергија за своите клиенти од берзите каде цената на струјата беше и по неколку пати повисока. Компанијата заврши и на извршител, но бидејќи гаранцијата е помала од долгот, МЕПСО покренало и судска постапка. Гаранцијата на „У Повер“ била депозит од 587.000 евра и банкарска гаранција од 41.397 евра, информираа медиумите во моментот на скандалот.

Сега е повеќе од јасно зошто наводно работењето на „У Повер“ беше ставено под лупа на РКЕ и зошто Аријанит Џафери го нападна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Дали одземањето на лиценцата на компанијата е само тргање од одговорност за овој мега криминал?

АД МЕПСО во март го раскина Договорот за балансна одговорност, донесе одлука за активирање на банкарската гаранција во висина од 2.545.955 денари и да се задржи депозитот во висина од 36.101.013 денари доставен од страна на У ПОВЕР како финансиско обезбедување по основ на договорот за балансна одговорност. Бидејќи висината на финансиското обезбедување не беше доволна за подмирување на долгот, АД МЕПСО покрена соодветна судска постапка. Заклучно со денеска вкупниот долг на У Повер изнесува 467. 536. 223 денари.- одговорија од МЕПСО.

Ова практично значи дека со раскинувањето на договорот за балансна одговорност, „У Повер“ е во добивка од преку 7 милиони евра, државни пари кои останаа на нивна приватна сметка.

Народот е начисто ограбен од овие организирани криминални активности на власта.