ГРУБИ нареди да ПЛАЌАЈТЕ ДАНОЦИ за Арачиново да гради објекти

Македонија

Откако цела Македонија дозна дека во Арачиново се собрани 700 денари вкупно данок на имот за 2021 година и дека во таа општина не се плаќа струја на ЕВН, која ние чесните граѓани ја плаќаме, денес имаме нов шок.

Измислениот прв вицепремиер Артан Груби не извести дека ние од нашиот Буџет и нашите платени даноци ќе платиме повеќе од 1.500.000 евра за изградба на канализација токму во Арачиново.

Значи не било која општина која плаќа данот, туку Владата злоставила наши пари и ги поклонила на Арачиново која не плаќа воопшто даноци и комуналии. Ние плаќаме за нејзиното неплаќање.

Оваа злоупотреба на државната каса е рамна на злосторство врз сите чесни граѓани во земајва, кои плаќаат даноци, за арачиновци истите да ги злоупотребуваат и да се мотивираат да продолжат да не плаќаат.