БУГАРИЈА ја исполни целта, ЗАПОЧНА братоубиството помеѓу Македонците

Балкан

Бугарија ја исполни целта, ги подели Македонците во Албанија на Македонци и Бугари, со цел да предизвика меѓумакедонски судир и да го уништи македонското влијание и постоење во Албанија.

Новите Бугари инсистираат на итна средба со бугарскиот претседател Румен Радев, докажан живковист, со цел да се жалат дека на нив им се префрла бугарско-македонскиот спор. Нивната загриженост е предизвикана од можното одвојување на два региони во Албанија – Голо Бурдо и Гора, во посебни општини.

Таму е концентрирано побугареното малцинство, признато од Парламентот во Тирана во 2017 година, но организации блиски до Скопје тврдат дека населението во овие области е македонско.

Новопечената „бугарска заедница“ во Албанија, тврдат оттаму, со векови живела во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Кукушка Гора. Поделбата на Голо Бурдо и Гора во посебни општини, велат, ќе му овозможи на тамошното компактно бугарско население полесно да привлекува инвестиции, да го докаже своето бугарско потекло и да побара помош од Бугарија.

Бугарската територија во Албанија е со земјени патишта, немаат ниту еден пат со асфалт. Многу е тешко да се влезе на нашите територии. Немаме ниту еден пратеник. И во општините немаме претставник од нашиот народ“, незадоволен е Хаџи Пируши од фирмата „Просперитет“ во Голо Брдо, кој до пред три години беше Македонец.

Бугаризацијата е смешна за вистинските Македонци кои точно знаат кои се намерите на Бугарија. Истите намери ги имаат и во Македонија. Да се формира лажна етничка заедница на Бугарите, а потоа да се започне со купување на душите на сиромашните Македонци по цена да се бугаризираат.

Ова се случува во Албанија, каде измислените Бугари се жалат на недостигот на претставници во власта, ниту еден официјален албански документ не укажувал каде живее измислената бугарска заедница. На Бугарите им било се потешко да го докажат потеклото врз основа на извод од матична книга на родените, пишува бугарски „24 часа“.

„Порано Голо Брдо беше самостојна општина, односно во изводот на родените пишуваше дека личноста е родена таму, а бидејќи се работи за компактно бугарско население, односно таму освен Бугари нема други луѓе, беше многу лесно да се утврди бугарското потекло на дотичниот кандидат. Деновиве кога се ликвидирани овие општини ни се губи секаква трага чисто административно“, вели вонредниот професор Спас Ташев од Институтот за население и хуманитарни истражувања при БАН, познат антимакедонист и фашизоиден шовинист.

„Многу проблеми, документите доцнат, 3-4 години. Има луѓе што се откажуваат. Зошто?“, прашува Хаџи Пируши од Голо Бурдо.

Во октомври следува попис во Албанија, а паралелното движење со прашањето за поделба на општините, сепак, е загрозено од тамошните организации на Македонците кои имаат свој пратеник, се вели во материјалот.

„Васил Стерјовски е човекот кој тврди дека во Албанија има само Македонци, а не Бугари, како и дека Софија ја бугаризира Тирана. Стерјовски сака јасно да стави до знаење дека општините Голо Брдо и Гора имаат македонско население. Од објавите на социјалните мрежи дури е јасно дека тој ја обвинува нашата земја за вештачки создавање заедници, што предизвикува потсмев кај луѓето таму.

Но, нашите сонародници сакаат Бугарија да направи повеќе за своето тамошно малцинство, особено со оглед на македонската пропаганда која функционира со години“, анализира медиумот од нашиот источен сосед.

„На Бугарите им треба поддршка – особено за бугарските училишта. Имаме неколку илјади Бугари од Албанија кои високото образование го завршиле во Бугарија. Овие луѓе можат да бидат мост на соработка. Има многу опции, но некој мора да ја координира оваа активност за Бугарија да може заштита на своите сонародници“, вели фашистот Ташев.

Бугарија користејќи го огромното руско влијание во оваа земја се обидува да притисне врз Тирана да се бугаризираат и избришат сите Македонци и македонски здруженија, партии и општини, за да се претстават како Бугари и македонските пратеници и градоначаници да се заменат со бугарски.

Тоа е истиот план и за Македонија, доколку се дозволи влез на Бугарите во Уставот на земјава.