
Пратениците од СДСМ се подготвени и да тепаат ако имате различни мислења од нивните
Малку недостасуваше пратениците Мартин Костовски и лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев и физички да се пресметаат во Собранието на Р.Македонија.
Мартин Костовски и стана познат на македонската јавност откако изјави дека ќе понуди бесплатен превоз на Кумановци кои патуваат до Скопје со неговиот автомобил кога оди на собраниските седници.
И додека тој го доживеа овој гест како хуманитарен и голем, народот беше избезумен од тој спектакл што го направи за работа која е вообичаена.
На настанот претходеше вербална расправија помеѓу Апасиев и Талат Џафери кој му се закани на лидерот на „Левица“ дека ќе му го „искрршел прстот“.
Костовски, во обид да го одбрани Џафери од критиките на Апасиев, го удри по раката по што следуваше размена на навреди, а малку недостасуваше да дојде до физичка пресметка.
Пратениците од владејачкото мнозинство се почесто покажуваат нетрпеливост и агресија, а неретко се случува и да довикуваат навреди на пратениците од опозицијата.