
Огромното полициско присуство на протестите е добра вест, бидејќи тоа е последниот трзај на еден режим да опстане на власт!
На вчерашните протести кои беа мирни и достоинствени, а на кои присуствуваа претежно повозрасни луѓе во свои поодминати години, можеше да се забележи големо полициско присуство.
Покрај кордон од полицајци кои ја чуваа зградата на Собранието од неколку јајца кои беа фрлени кон неа, се забележа и полициски хеликоптер кој постојано ја надгледуваше состојбата од височина.
И покрај скоро непостоечкиот број на инциденти вчера според официјалниот извештај на МВР на протестите беа приведени вкупно 8 лица, кои според информациите кои ги откри МВР се повозрасни луѓе во свои над 60 години.
Граѓаните го искоментираа зголеменото присуство на полицијата како јасна цел да се изврши притисок и влее страв помеѓу демонстрантите. А во теоријата е добро познато дека секој режим својот последен трзај за опстанок го прави преку зголемена употреба на монополот за сила.