„Ве сакаме во ЕУ“: Фон дер Лајен твитна на македонски јазик

Европа, Македонија, Политика

„Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам.“, објави на својот налог на Твитер претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Таа објави и снимка од дел од нејзиното денешно обраќање во македонското Собрание, на седницата на која се разгледуваше Информацијата околу францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на земјава со ЕУ.