(Видео) ПОВИК за ПОТПИСИ за регистрација на ПОИНАКВА ПАРТИЈА МКонцепт

Политика

МКонцепт започна со постапка на собирање на потписи за реализација на процедурата за регистрација на партијата. Истата се најавува како сосема поинаков концепт на организирање и функционирање како политичка партија.

Од иницијативниот одбор споделија и видео спот со кој се повикува на масовно собирање на потписи со следнава содржина:

Почитувани граѓани, сега е вистински момент за ПАРТИЈА НА НАРОДОТ! ПОИНАКВА ПАРТИЈА која од корен ќе го менува системот во Македонија!

Партија која ќе се занимава исклучиво со квалитетот на животот на РЕАЛНИОТ ЧОВЕК! МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ за иднината на Македонија!

Ве повикуваме масовно да се потпишете за РЕГИСТРАЦИЈА на партијата кај надлежен НОТАР!

Испратете порака со ваши податоци за контакт на тел.+389 71484334 или емаил на mkpotpisi@gmail.com да ве известиме каде да се потпишете!

Исто можете да испратите порака во месинџер на ФБ страните на Петар Богојески или на Македонски Концепт!

МАСОВНО СИТЕ ДА ГО ДАДЕМЕ СВОЈОТ ПОТПИС ЗА ПОИНАКВА ПАРТИЈА НА НАРОДОТ!