
Трамп: Да бев јас претседател на САД немаше да се случи војната во Украина!
Доналд Трамп во свој „елемент“ при говор на Алјаска кога порача дека доколку беше избран за претседател во 2020 година, немаше да се случи војната во Украина.
Според него, под администрацијата на Џо Бајден, земјата паднала на дното од неколку причини: инфлацијата руши рекорди, а цените на горивата растат со неверојатна брзина. Покрај тоа, Трамп потсети и на повлекувањето на американските војници од Авганистан.
Што се однесува до Украина, според неговите прогнози, ситуацијата во овој регион само ќе се влоши, но сето тоа можеше да се избегне доколку изборите во 2020 година имаа друг резултат.
Според поранешниот американски лидер, „слабоста и неспособноста“ на Бајден довеле до влошување на ситуацијата, што секако, како што рече, немаше да се случи во неговата администрација.