
БОГОЈЕСКИ до Љубчо ВОВОДА: За внук на српски џандар можеби, ние никогаш
После скандалозните изјави на Лубчо Георгиевски, лидер на ВМРО НП, во интервјуто во емисијата „Во центар“ со новинарот и аналитичар Васко Ефтов, со своја реакција во јавноста излезе Петар Богојески, лидер на Македонски Концепт.
Имено, Љубчо Вовода изјави дека доколку во 1991 година Вучиќ бил претседател на Србија, ние Македонците сеуште ќе сме биле Југословени.
На ова со своја жестока реакција настапи Богојески во стил од кој Геогиевски има уплав, особено да се дознае за неговото минато од Делчево.
„Да господине Георгиевски, вие како внук на српски џандар во Делчево можеби сте биле Југословени, па сега сте Бугари, зависно од потребата и нужноста да имате газди од некаде! Ние во нашето семејство во Крушево никогаш не сме биле друго освен Македонци, па вашите басни за 1991 можете за други да ги кажувате, никако генерално за сите Македонци“ – гласи одговорот на Богојески.
Богојески дополнува: „И престанете со овие дефетистички тези за нас Македонците, зашто веќе преку глава сте ни дојдени. Вие за вас, со криза на идентитетот може да си кажувате колку сакате, но никако за нас Македонците!“