
ГОРАН МИСОВСКИ: Одржавме лекција за демократија!
По тензичниот почеток на Конгресот, Горан Мисовски како единствен кандидат беше избран за нов претседател на НСДП. Тој доаѓа на позицијата која досега ја држеше основачот на партијата, Тито Петковски.
-Горан МИСОВСКИ е избран за претседател на НСДП на Петтиот конгрес кој се одржа во Скопје.
Од присутни 426 делегати, правото на глас го остварија 314 делегати од нив:
308 ЗА
3 ПРОТИВ
3 неважечки ливчиња, објавија од партијата.