
ДЕНЕС СИНОД на МПЦ – ОА за „автономијата“ од СПЦ
Македонската православна црква не доби автокефалност, туку „најширока можна автономија и полна самостојност“ од СПЦ, како што гласеше одлуката на Саборот, а според новинарот Бранко Ѓоргевски тоа го враќа нејзиниот статус во 1959 година, односно во времето пред таа да ја прогласи автокефалноста во 1967 година, со што почна полувековниот црковен спор.
Враќањето во „евхаристичко единство“ не значи ништо, бидејќи тоа веќе го имаме со признавањето од страна на Вселенската Патријаршија.
Денес закажана е седница на Синодот на МПЦ – ОА, која треба јавно да каже за што преговарала или кои ќе бидат следните чекори. Во спротивно, ако биде прифатена оваа положба, МПЦ – ОА ја губи сегашната автокефалност, односно за идно признавање автокефалност ќе одлучуваат сите 14 православни епархии, како што препорачува СПЦ, што е самоубиство за МПЦ – ОА.
Прашањето дали САС на МПЦ – ОА има право да носи било какви одлуки надвор од одлуките за автокефалност донесени на Црковно – народните Сабори на МПЦ – ОА е отворено прашање.
Тоа е исто како Владата да донесе мерки / одлуки кои се спротивни на одлуки на Собранието или на Референдумот за независност и да прифати да влеземе во федерација со друга држава!
Тоа значи дека може да добиеме вето од Бугарската црква, ќе бара да не го користиме името Охридска Архиепископија, Грција ќе бара да не го користиме името Македонска православна црква, а тоа ќе не врати назад од патот кој МПЦ-ОА го изоде изминатите 40-тина години – вели тој.