ДРАМАТИЧНО: ПУТИН најавува НОВА ВОЈНА со Финска, тоа е Трета светска војна

Свет

Русија предмалку истакана дека ќе биде принудена да одговори на одлуката на Финска да се приклучи на НАТО. Одговорот би бил воен, по примерот на Украина.

Но бидејќи НАТО јасно стави до знаење дека и без да е влезена во Алијансата, Финска ќе биде воено заштитена, тоа е веќе најава за Трета светска војна. Дали Путин реално е подготвен за тоа? НАТО е веќе целосно подготвен, Финска е преплавена со Амерканско оружје и единици.

„Приклучувањето на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

„Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, од воено-техничка и од друга природа, со цел да престане да се појавуваат закани за нејзината национална безбедност.

Тоа е отворена закана / најава за руска агресија врз Финска, што де факто значи и почеток на отоворен судир Русија со НАТО или Трета светска војна.

НАТО единиците се веќе во Финска и подготвени за тој судир. Дали е Путин подготвен за таков ризик, со оглед на состојбата во Украина и неспособноста на руската армија да заземе барем еден поголем украински град.

Вчера Борис Џонсон потпиша пакт со Финска и Шведска со кој ја гарантира безбедноста за време на интеграцијата на двете држави во НАТО. Во меѓувреме Лондон итно купува воена опрема од советско и руско производство ширум светот за да ја пренесе на украинските вооружени сили.

Тоа го пренесува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на британскиот министер за одбрана Бен Валас. Според „Њујорк тајмс“, во тоа се ангажирани најголемиот дел од британскиот оддел за одбрана и воените аташеа.

Доколку само еден сантиметар земја на Финска биде нападната од само еден руски војник, тоа значи прогласување војна на Британија, а со тоа и дирекно судир со целото НАТО, вклучително и Македонија.