
БУГАРИЈА ПЛАЧЕ, им ја украдиле „бугарската“ Охридска Архиепископија
После признавањето на МПЦ – ОА од страна на Вселенската Патријаршија под името Охридска Архиепископија, во Бугарија владее траорна атмосфера. Бугарската Црква и политичари се затечени од тој чин на Константинопол, нешто кое им се повторува трет пат во историјата во врска со Црквата во Македонија.
Македонската Црква беше изненадно призната од Вселенската Патријаршија под името Охридска Архиепископија, соопштува бугарски 24 часа.
Во стилот на руската пропаганда и политика, чии измеќари се Бугарија и БПЦ, известуваат дека во соопштението кое дошло од Истамбул, се кажува дека терминот Македонија и сите негови форми се исклучени, а Црквата се признава само како „Охридска“.
Нормано како секогаш во Бугарија, било кој позитивен настан за Македонија го третираат како антибугарски чин, па и ова признавање на МПЦ – ОА бугарските медиуми и црковни аналитичари го оценуваат како нож во грб на Бугарската Црква, за која Охридската Архиепископија, замислете била дел од историското и духовно наследство на Бугарија, дури била и најстара бугарска Црква.
Секако ова тврдење ќе добие комичен исход во нормалниот свет, бидејќи токму Охридската Архиепископија е создадена за да не постои Трновската Црква, а таа никогаш немала бугарски клир во своите високи хиерархиски редови.
Бугарските медиуми со презир и потсмев го споделуваат и соопштението на Бигорскиот Манастир од Македонија, кој ја поздравил и прославил оваа одлука на Вселенскиот Патријарх, а можеби Бугарија имала други погрешни очекувања од македонските монаси.
Тие исто известуваат дека признавањето доаѓа само неколку денови после ијавата на српскиот владика Фотиј за тајните преговори помеѓу МПЦ – ОА и СПЦ, на кои учество земале македонскиот Архиепископ Стефан и српскиот Патријарх Порфириј.
Бугарската Црква која е под целосна контрола од руската болшевичка квази црква, исто како Бугарија под Путин, повторно е затечена и повторно е поразена по кој знае кој пат во историјата.
Во 2018 година тие имаа шанса да ја примат МПЦ – ОА како мајка црква, да се помират со нас Македонците и да станеме најблиски народи и Цркви на Балканот. На тоа Бугарија одговори со дрва и камења по Македонија и Македонците, со што засекогаш ја изгуби шансата за пријателство.