ВОНРЕДЕН ДОКАЗ: Клетите фашисти ги измислиле Македонците пред Тито

ИСТОРИЈА

ГЕРМАНСКА КАРТА од 1940 година била презентирана пред штабот на Вермахтот, кој подготвувал планови за окупација на Југославија.

Клучен детал за плановите за напад на југословенската територија бил етничкиот состав на населението кое живее во соодветни региони. На тој начин, нацистичките германски и фашистички италијански војски се подготвувале на она што ги очекува на терен.

Германците, особено нацистите, се познати по нивната прецизност и концизност во работењето и планирањето. Како такви, тие во оваа мапа ги претставиле МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ЗАСЕБЕН И МНОЗИНСКИ НАРОД ВО МАКЕДОНИЈА.

Картата „Југославија: етнички приказ по региони“ (Jugoslawien: Volkliche Gliederung Mehrheitsgebiete) е издадена во 1940 година од Југоисточниот Германски Институт (Sudostdeutsches Institut) во Грац. Германските етнолози ги означиле Македонците на картата како засебен и мнозински народ во Македонија.

Нацистичка Германија јасно знаела за постоењето на македонскиот народ и преку вакви карти правела соодветни пресметки пред, за време и по воената инвазија на Балканот во 1941 година. Особено внимание германските етнолози посветyвaле на обележување на германското и на тнр. фолкдојчерско* население на Балканот.

Картата е уште еден доказ дека Македонците не ги измислил Тито, зашто очигледно пред Тито ги познавал и Хитлер, а Македонија била окупирана пред и во време на Втората светска војна со оглед на репресиите, обидите за етничко чистење и насилната србизација и бугаризација од страна на српската и бугарската армија и жандермерија и албанските фашистички паравоени формации по инвазијата на силите на Оската предводени од Вермахтот.

Картата се чува на Универзитетот Јел (Yale University) во сојузната Американска држава Кенeтикат. *Фолксдојчери (Volksdeutsche) се луѓе од германско потекло надвор од Германија кои немаат германско државјанство.