БОГОЈЕСКИ: Во Македонија има ДРЖАВНА ПОЛИТИКА НА ПРОГОН на православните граѓани

Изјави, Македонија

Лидерот на Македонски концепт и граѓански активист за слобода и демократија Петар Богојески, на својата фан страна сподели реакција за односот на власта кон православните граѓани во Македонија.

Особено жесток со критики кон спроведениот Попис 2021 година, кој Богојески го нарекува Отпис, смета дека согласно ЕУ стандарди и пракса, резултатите од Пописот мора да бидат пропверени и корегирани, согласно реалноста во земјава. Во спротивно сите ние премолчуваме јавен груб фалсификат.

Богојески објави следна содржнина:

„ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ се систематски ПРОГОНУВАНИ во Македонија!

Отписот на истите е дел од таа ДРЖАВНА ПОЛИТИКА НА ПРОГОН!

Македонија е земја со повеќе од 70% христијанско население и не може да си дозволи такво поведение!

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ тоа ќе го промени, а во НОВИОТ СИСТЕМ ќе има рамноправност за сите граѓани, без разлика на која конфесија и припаѓаат!

ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ, масовно поддржете го нашиот КОНЦЕПТ за да престане прогонот против вас!

За да се почувствувате свои на своето!

Мое беше да ви кажам, а вие си знаете“ – напиша Богојески

Тој искажа реакција и за ставот на директорот на Комисијата за верски заедници, Даријан Сотировски кој согласен е дека е направен фалсификат, но тоа можело да се исправи на следен попис.

Богојески напиша:

„ОТПИС / ПРОГОН на ПРАВОСЛАВНИТЕ граѓани!

Не може поексплицитно признавање за систематски ОТПИС / ПРОГОН кон православните граѓани, од оваа изјава на првиот човек на владината институција задолжена за верските заедници.

Но не можам да поверувам, да си свесен дека е направен фалсификат и да кажеш дека тоа така ќе остане до следен Попис?!? Како е тоа можно?!?

Стандардите на ЕУ јасно предвидуваат проверка на пописни резултати. Во една таква постапка ќе се корегираат „грешките“ во пописните резултати од Попис 21 и завршена приказна.

Ако се одмолчи, дали сте свесни што тоа значи? Тоа значи дека во 2099 година, нашите правнуци ќе учат погрешна историја, дека во Македонија живееле вакви и вакви граѓани, што било фалсификат, ама прадедовците немале м*да и молчеле како моми на чешма!

МОРА КОРЕКЦИИ по секоја цена! НЕ СМЕЕ да помине овој систематски прогон кон православното население во 21ви век.“ – смета Богојески.

Во врска со изнесениот став на владиката Григориј дека пописот е неуставен, Богојески истакнува дека „ВАЖНО е да се напомени дека уште пред да се спроведе овој ОТПИС на населението, Македонски Концепт поднесе уставна иницијатива за Матодологијата која е целосно спротивна на Законот за попис.

Уставен Суд се одлучи да не се замара со уставност и законитост… Токму како резултат на тоа неодговорно однесување на институциите, беа охрабрени бандите да фалсификуваат Попис.

Ова што сега го истакнува Отец Григориј е ноторна вистина и не смее да биде заобиколена! Секое премолчување, значи согласност со самоотпишување! НЕ МОЛЧЕТЕ!“ – истакнува Богојески.

Важно е да напомениме дека уште пред спроведување на Пописот 2021 година, Македонски Концепт поднесе граѓанска иницијатива до Уставен Суд со која ја оспори уставноста на Методологијата за спроведување на Пописот, но Уставен суд не постапи по истата и не донесе никакви заклучоци.

Ова е доказ дека пред да се случи грубиот фалсификат на овој Попис, Богојески и Македонски Концепт точно утврдиле на кој начин ќе биде фалсификуван и побарале заштита од Уставен Суд, кој за жал одлучува за се, само за заштита на Македонија не.