
АРСОВСКА ОТКРИВА КАКО ШИЛЕГОВ ГИ АРЧЕЛ ПАРИТЕ
Претходното раководство на градот на чело со Петре Шилегов платило 75.000 евра за услуга која никогаш не е испорачана. Арсовска потенцира дека веб страницата која требало да биде изработена за оваа голема сума, која е повисока од пазарната вредност за еден таков ИТ производ, никогаш не била ставена во функција.
-Најстрашно е што претходното раководство платило 75.000 евра за веб страница и за услуга која никогаш не е испорачана, односно страницата не е функционална.
Значи злоупотребата е двојна, секој лаик може преку едно истражување на пазарот да оцени и да види која е цената на чинење на една таква веб страница. Уште посимптоматично е тоа што требало да биде испорачано за 75.000 евра не е испорачно. Тоа се средства на граѓаните, кои треба да се трошат домаќински, вели Арсовска.