НОВ БУГАРСКИ УСЛОВ за Македонија, Брисел во шок

Забава

Република Бугарија по повод Велигденските празнувања, излезе со нов услов за Македонија да влезе во ЕУ. Напоменуваме, условот е европејски, согласно сите Копенхагеншки критериуми за членство во Унијата.

Бугарија побара да ја прифатиме реалноста дека Исус Христос бил Бугарин, ако сакаме да влеземе во ЕУ. Според бугарските научници, Исус имал бугарски корен исто колку што имале сите Македонци, што значи дека тој ни е заедничка личност или споделена историја, но бугарска.

Лидерот на ВМРО БНД Красимир Каракачанов истакна дека во тоа не гледа ништо лошо, напротив Македонците ќе се осознаат дека се Бугари, а со тоа и Исус е Македонец, поточно Бугарин.

Тој во изјава за државната телевизија „БНТ“ кажа дека Софија не ѝ ставила вето на Македонија, туку дека само оставила простор преговорите да почнат кога земјава ќе се подобрела.

Тој ги повика политичарите, македонската историја да ја градат врз основа на автентични факти.

-Тука од југословенско време населенето се обучува да мрази, се воспитува на омраза кон Бугари, Албанци, кон Грци, љубов имаат само кон Белград и кон Србите. Се друго треба да биде мразено. Ние сме за нив Татари, фашисти и окупатори. Ќе излезе дека Македонците постојат од времето на апостол Павле, а дека Исус Христос бил Македонец. Само ние Бугарите сме некакво долно племе, истакна во интервјуто Красимир Каракачанов вицепремиер на Бугарија.