
МОНТИ ПАЈТОН ДРЖАВА: Директорот на финансиска полиција во бегство
Директорот на финaнсова полиција Арафат Муареми најверојатно го искористил своето право на годишен одмор и заминал надвор од земјата, по најавата на обвинителството за гонење на организиран криминал, дека ќе има голема акција.
Арафат Муареми требаше да биде разрешен на седница на влада, откако на барање на премиерот Ковачевски не си поднесе оставка. Од Владата се уште нема официјална информација, дали Муареми е разрешен.
Арафат Муареми е инаку обвинет заедно со обвинителот Артан Ајро и Гаврил Бубевски дека во случајот „Труст“ во кој првоосомничен беше Сеад Кочан ја оштетитиле државата овозможувајќи му на Сеад Кочан да го сокрие имотот кој требаше да му биде конфискуван, со непревземање на навремени јавно обвинителски дејствија.
Арафат Муареми до овој момент нема одговорено на прашањата на новинарите дали е разрешен и дали е во странство.
One thought on “МОНТИ ПАЈТОН ДРЖАВА: Директорот на финансиска полиција во бегство”
Comments are closed.