
ХУМОР од Украина, веќе сите тераат мајтап со Путкин
Украина лансираше поштанска марка која го овековечува гестот кон тој „руски воен брод“. Станува збор за рускиот крстосувач Москва, команден брод на црноморската руска флота.
Силуетата на сликата е на знамениот брод на руската Црноморска флота, крстосувачот „Москва“, а на брегот стои украински борец кој му покажува среден прст.
Ден подоцна, после срамното уништување на рускиот супер брод, желбата се материјализираше!
Со оглед на светскиот натпревар на создавање на мурали и карикатури со главните херои – украинските фармери кои со своите трактори ја собраа целокупната руска воена техника, за старо железо, започнаа да излегуваат и такви каде го собираат рускиот брод Москва.
Не се осмелуваме да помислиме што ќе се случи ако Украинците објават бренд – марка со слика на Путин и соодветен гест кон него.