УКРАИНА ВО ОФАНЗИВА, Русите бегаат од овие окупирани територии

Европа

На почетокот на новата фаза од војната во Украина, руските сили се соочија со реалноста дека веќе не можат да напредуваат, освен да се сконцентрираат на окупираните територии на исток од земјата, бидејќи украинските трупи ја вратија контролата врз многу области околу Киев. Како што истакнаа руските власти, фокусот повторно е ставен на регионот Донбас, но борбите за пристанишниот град Мариупол продолжуваат.

Напредокот на руските трупи во Украина

Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари. Речиси шест недели по почетокот на војната, руските сили целосно поразени се повлекоа од предградијата на Киев и се фокусираа на борбите на истокот на земјата.

Аналитичарите посочуваат дека Украина можеби ја ослободила областа на Киев, но војната сепак може да се оддолжи подолг период што е неповолно и за Русија и за Украина, особено доколку офанзивата на исток биде успешна.

Украинското Министерство за одбрана предупредува дека војниците кои се повлекле од регионот на Киев ќе мора да се прегрупираат и подобро опремат пред да бидат распоредени на исток. Тоа е голема тешкотија и за силната Русија, која падна под тешки санкции.

Битка за исток

Руските власти велат дека фокусот на нивната армија сега е целосно ослободување на регионот Донбас, кој се состои од самопрогласените Доњецка и Луганска народна република, кои Русија неодамна ги призна како независни држави.

Регионот е под контрола на проруските сепаратисти, но во моментов е во тек реорганизацијата на руските трупи. Постојат наводи дека членовите на групата Вагнер – приватната војска на Путин – наскоро ќе пристигнат во Донбас, но тоа не е потврдено од руски и украински претставници.

Според британските разузнавачи, руските трупи сега немаат можност ниту да напредуваат низ Изум, подготвувајќи се да го нападнат Славјанск.

Напорите за заземање на Славјанск веројатно ќе се покажат како следната клучна битка во војната, бидејќи од тој град руските единици можат да ги опколат украинските сили во Донбас. Тие сили се најсилните и најдобро обучени и опремни од целата украинска армија, што значи дека се скоро непобедливи, со оглед да Русите неуспешно војуваа со Азов во Мариупол и со народните милиции во Киев.

Бавен напредок на југ

На почетокот на инвазијата, руските трупи забрзано напредуваа на југ, а нивната главна цел беше да создадат копнен коридор меѓу Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, и Доњецк и Луганск, кои се под контрола на проруските сепаратисти.

На патот кон таа цел е пристанишниот град Мариупол, кој од почетокот на март е опколен од руските сили. Мариупол со недели е без храна, вода и струја, поради што украинските власти се обидуваат да организираат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, но никако не се предава, а Русите и чеченските терористи само објавуваат лажни вести дека го освоиле градот.

Иако градот е практично отсечен од остатокот од земјата, Мариупол се уште не е под контрола на руската армија.

Ова е мапата која покажува каде успешно е спроведена украинската офанзива и кои територии се ослободени од нивната армија.

Согласно приказот на истата, Русија многу тешко повторно ќе се пробие во тие региони, особено ќе го заштити Добнецк од нов украински напад.