УКРАИНСКОТО ЗНАМЕ повторно се вее над ослободен Чернобил

Европа

Украинското знаме денеска повторно беше подигнато над затворената нуклеарна централа во Чернобил, додека вработените ја пееја националната химна и го славеа заминувањето на руските војници.

Нуклеарната централа минатиот месец беше окупирана од руските сили, но тие беа брзо поразени и избркани назад во Русија и Белорусија.

Украинската нуклеарна компанија Енергоатом на Телеграм објави дека руските сили ја напуштиле затворената нуклеарна централа Чернобил под притисок на украинската офанзива.

Градот е претворен во рушевини, околината на нуклеарната централа исто така, но сепак Украина го ослободи тој дел од својата територија.