НУКЛЕАРНА ОПАСНОСТ во Чернобил поради НЕСПОСОБНА РУСИЈА

Европа

Нуклеарната централа во Чернобил пред експлозија. Неспособната Русија која го окупираше Чернобил заедно со нуклеарната централа за која сносат одговорност, ги обвинува украинските војници за наводна опасна провокација.

Неможејќи да се носат со одговорноста за окупираната централа, тие ја префрлаат вината за наводен напад на објекти кои обезбедуваат снабдување со електрична енергија на нуклеарната централа во Чернобил, преку наместена изјава на заменик министерот за одбрана на Русија, Николај Панков.

Додека опасноста од невидена нуклеарна катастрофа е на повидок, тој додаде дека неводно руските експерти презеле мерки за да се префрлат на резервни дизел генератори.

„Морам со големо жалење да констатирам дека украинските националисти извршија нова провокација, многу опасна. Тие ја нападнаа трафостаницата и електричната мрежа преку која нуклеарната централа се снабдува со струја“, изјави тој.

Во паника од неодговорно однесување, тие објавија смешни обвинувања дека украинската страна избегнува секаков вид на ремонтна организација. Замислете која дрскост на руските банди, им влегоа на сила во земјата, им ја окупираа централата, тие ја стопанисуваат, а откако предизвикаа катастрофа, ги обвинуваат украинските служби за несакање да направат ремот и сананција! Врвен цинизам!

Тоа што украинските служби не сакале да интервенираат на окупирана, а тие се нон стоп под бомбардирање и малтретирање, било доказ и уште еднаш потврдува дека активностите на националистите се насочени и провокативни. Која хипокризија на руските болшевички банди.

Според болшевичкиот заменик-министер за енергетика, сега Белорусија преземала одговорност и се занимава со воспоставување на снабдување со електрична енергија од својот електроенергетски систем.