
АКАДЕМИК Камбовски „тресна и остана жив“
Академик Владо Камбовски пред Годишното Собрание на МАНУ изјави: Барањето на Бугарија за промена на нашиот Устав, не било мешање во внатрешните работи на Македонија, зашто никој не можел да ни се меша.
Па што е друго, ако не мешање од страна, промена на Уставот под надворешна уцена? Дали академикот веќе падна во длабока деменција? Жално!
„Камбовски тоа не го оценува како мешање во внатрешните работи на земјава, бидејќи, како што рече, тука никој не може да се меша и да диктира што ќе правите“.
– Тоа самите го правите или не го правите, поаѓајќи од тоа дека ако оцените дека треба да го правите, тоа го правите аргументирајќи го својот потег со меѓународните стандарди, со постојната уставна рамка, стандардите за човекови права и слично, рече Камбовски.
Извор: Слободен Печат