Скопје тагува и се збогува со рокерката Тања
Замина Тања, девојката која во 1988 година ја испиша историјата како основачка и дел од првиот женски рок бенд кај нас.
Скопје денес тагува по збогувањето со Тања, членка на култната група „Ројал Алберт Хол“, првиот женски рок бенд во Македонија.
Ројал Алберт Хол беше основана во 1988 од страна на Тања Радониќ, Весна Терзиевска и Зорица Јаковлеска, а потоа им се приклучи Бранка Костиќ како вокал, Марина и други рок музичарки.
Веста за нејзината смрт ја споделија нејзините долгогодишни пријателки на социјалната межа Фејсбук, а со срцепарателни збогувања се огласија и познатите поранешни членки на бендот, Бранка Костиќ Марковиќ, Весна Терзиевска и Анжелика Апсис.
