Со желби за здравје и благосостојба: ФФМ го честита Рамазан Бајрам

Македонија

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати честитка до сите граѓани по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, посакувајќи здравје, мир и благосостојба.

Во својата објава, од ФФМ истакнуваат дека овој празник носи пораки на заедништво и разбирање, нагласувајќи ја важноста од почит и солидарност меѓу сите граѓани.

„Честит Рамазан Бајрам! Ви посакуваме здравје, мир, љубов и благосостојба. Големиот празник нека донесе разбирање, почит и солидарност меѓу сите нас“, стои во пораката.

Со оваа честитка, ФФМ се приклучи кон бројните институции и организации кои упатија пораки за единство и меѓусебна почит по повод празникот, кој традиционално се одбележува со семејни собири, дарување и хуманост.