Проданоски: За сите проекти граѓаните ќе добиваат навремени и точни информации

Македонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, денеска одржа брифинг средба со претставници на медиумите, на која заедно со директорите на јавните претпријатија и општинските установи се разговараше за актуелните теми поврзани со работењето на локалната самоуправа.

Како што истакна Проданоски, транспарентноста и отворената комуникација со јавноста претставуваат основа за градење доверба со граѓаните. На средбата биле опфатени тековните активности, реализираните проекти, како и предизвиците со кои се соочува Општина Прилеп.

Целта на ваквите брифинзи, според градоначалникот, е преку медиумите граѓаните навремено да добиваат проверени, точни и официјални информации.

 

„Информираните граѓани се наш најважен партнер во развојот на општината“, посочи Проданоски, додавајќи дека ваквиот транспарентен пристап ќе продолжи и во иднина.