Општина Битола воведува сигурна и бесплатна Wi-Fi мрежа за граѓаните во рамки на WiFi4WB

Македонија

Граѓаните и посетителите на Битола од сега можат да користат бесплатен јавен Wi-Fi на локацијата Градски пазар.

Мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, која е финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital. Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен интернет за граѓаните низ државата и Западен Балкан.

Општина Битола е една од 500 општини во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија.

 

Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска. Со оваа поддршка, Општина Битола продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница.