Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер – eве каде е епицентарот
Силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Куба, соопшти Европски медитерански сеизмолошки центар. Според првичните податоци, потресот се случил на длабочина од околу 15 километри.
Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени лица, а надлежните служби ја следат состојбата. Локалните власти апелираат до граѓаните да останат смирени и да ги следат официјалните информации, додека се вршат дополнителни проценки на терен.
