Шилегов по веста дека СДСМ ќе го исклучи: Имам што да кажам за луѓе што се на дрога во СДСМ!
Откако СДСМ синоќа соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да почне постапка за исклучување на Петре Шилегов, поранешниот скопски градоначалник и пратеник од СДСМ за ова слушна во емисија во живо.
Шилегов рече дека од почит на денот и трагедијата во Кочани нема да дава политички изјави.
„Утре (17.03.2026) ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период“, рече Шилегов.
