Ѝ била колешка: Се огласи сопругата на Андреј од ДНК по смртта на мајката и ќерката
На социјалните мрежи се споделува снимка на која ќерката, која со нејзината мајка беа пронајдени мртви по пад од балкон од зграда, пее на сцена со Андреј и Панчо од ДНК.
Сопругата на Андреј, Наталија Ѓорѓиеска, во објава на социјалните мрежи откри дека лично се познавала со жртвите.
„Најискрено сочувство до семејството на Ивана, ми беше колешка и ја познавав лично. Нека почиваат во мир“, напиша Ѓорѓиеска.
„Згаснаа уште два животи поради институционална неодговорност. Да не се повтори!“, порача таа во истата објава.
