Следува промена на времето – синоптичарите со најнова прогноза

Времето денес, Дали Знаете, Македонија

Времето денеска ќе биде претежно облачно и тивко, со температури до 17 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -4 до 2 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 12 и 17 степени.

Во Скопје се очекува претежно облачно и мирно време. Утринската температура ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне околу 16 степени.

Според најавите на синоптичарите, во следните денови времето ќе биде стабилно и суво. Промена се очекува во четврток, кога ќе има услови за слаб дожд, проследен со повремено засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието.