Мицкоски за враќањето на Груби: Нема логика да сум се договарал со луѓе кои сакаат да го видат мојот крај
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов, на денешните пратенички прашања го праша премиерот Христијан Мицкоски дали имало договор за враќање и пуштање на поранешниот вицепремиер Артан Груби? Тој искоментира дека очекувал ова прашање да го постави опозицијата, ама како што рече, бидејќи молчале, тој решил да праша.
Премиерот Мицкоски пак истакна дека не можел да се договара со луѓе кои сакале да го видат неговиот крај.
-Изминатите денови јавноста со право е вознемирана и апсолутно ги разбирам сите коментари, кои ги читам на социјалните мрежи. И тука не треба да има дилема дека постои револт кај наши сограѓани. Во минатото ова лице, заедно со неговите коалиционие партнери се оденесуваше недостоинствено кон граѓаните, кон сите етнички заедници. Немам против во својата потсвест некој да ја обвини Владата дека има некаков договор, но да дојдеме до логиката. Јас како човек бев најнапаѓаниот од истото ова лице, Артан Груби. Се сеќавате ли на „па, па Мицко“. На празникот Прочка се креваа дронови на имотот на мојата сестра и тој имот се претставуваше како мој. И сега по некоја чудна логика јас излегувам како претседател на Владата и се договорам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, и крај како човек. Ова нема никаква логика, рече премиерот.
Тој додаде дека оваа лице е обезбедено, а допрва почнува агонијата за поединци.
