ОД ПРВ ВИЦЕПРЕМИЕР ДО ЦРНА ЛИСТА НА САД: Кој е приведениот Артан Груби и зошто по него беше распишана потерница?

Дали Знаете, Политика

Името на Артан Груби, долгогодишниот „прв соработник“ на Али Ахмети и поранешен прв вицепремиер, помина долг пат од дипломатските канцеларии и академските аули до обвинителните акти и меѓународните санкции. Човекот кој со години важеше за најмоќната фигура во владата на СДСМ и ДУИ, денес е во центарот на мега-скандали поврзани со милионски корупциски шеми.

Од новинарството до врвот на политиката Роден во Скопје во 1977 година, Груби својата кариера ја започнува како новинар, дипломирајќи на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде подоцна и магистрира, објави 4news.mk Својот докторски степен го стекнува на Универзитетот во Тирана. Неговата биографија е исполнета со ангажмани во меѓународни организации – од хуманитарната Catholic Relief Services за време на Косовската војна, преку оперативни задачи во Хашкиот трибунал, па сè до позицијата политички асистент во НАТО и советник во амбасадата на Холандија.

Во политичките води влегува преку граѓанското движење „Разбуди се“, каде неговото име за првпат посилно одекна во јавноста по инцидентите на скопското Кале во 2011 година. Набрзо станува шеф на кабинетот на Али Ахмети, а потоа и пратеник во два мандати, пред во 2020 година да биде именуван за прв вицепремиер и министер за политички систем.

Зошто заврши на „Црната листа“ на САД, објави 4news.mk Пресвртната точка во неговата кариера се случи на 11 декември 2024 година, кога Стејт департментот го стави Артан Груби на американската „црна листа“. Обвинувањата од Вашингтон беа директни и тешки: Груби бил вмешан во „значајна корупција“. Според официјалното соопштение, тој ја злоупотребил својата моќ за да влијае врз судски процеси, поточно со цел да го заштити поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, од затворски казни. Овој потег на САД беше јасен сигнал дека неговото политичко влијание било користено за поткопување на правната држава.

Меѓународна потерница и истрагата за „Државна лотарија“
Иако Груби тврдеше дека е во приватна посета на Косово, македонските истражни органи покренаа опсежна акција по сомневањата дека е недостапен за правдата. Главниот фокус на истрагата е неговата улога во Државната лотарија, каде заедно со соработникот Перпарим Бајрами се сомничат за проневера на околу 8,2 милиони евра (над 500 милиони денари).

Обвинителството го товари Груби за неколку клучни злоупотреби:, објави 4news.mk

Незаконски тендери: Набавка на ВЛТ апарати во вредност од 12 милиони евра преку незаконски процедури.

Интернет коцкање: Нелегално издавање лиценци за коцкање преку интернет.

Спорни закупнини: Изнајмување на објект во Визбегово (поранешен ресторан за свадби) за потребите на Лотаријата, за што биле платени вртоглави 300.000 евра.

Од човек кој ги отвораше вратите на меѓународните институции, Артан Груби денес е соочен со сериозни обвиненија кои се протегаат од коруптивно влијание врз судството до директна кражба на државни пари преку игрите на среќа. Неговото приведување на Блаце означува крај на една ера на недопирливост и почеток на еден од најголемите судски процеси за корупција во поновата македонска историја.