Проданоски: Насмевките на децата се најубавата најава за Прочка во Прилеп
ПРИЛЕП – Детската карневалска поворка денеска го исполни центарот на Прилеп со радост, боја и креативност, носејќи ја вистинската атмосфера на претстојниот карневал Прочка. Голем број ученици, наставници и родители учествуваа во настанот, претставувајќи уникатни и внимателно подготвени маски.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека детската енергија и насмевките на најмладите се најубавата најава за утрешното продолжение на карневалските активности.
„Центарот на градот блескаше благодарение на трудот и љубовта вложени од училиштата, наставниците и учениците. Оваа традиција ја негуваме со гордост и ја пренесуваме на идните генерации“, посочи Проданоски.

Тој упати честитки до сите учесници, ментори, наставници и родители, нагласувајќи дека токму заедничката посветеност придонесува Прилеп да изгледа достоинствено и празнично во деновите на карневалот.

Карневалот Прочка во Прилеп продолжува и утре со нови содржини и маскенбал, а се очекува голем број посетители да бидат дел од традиционалната прослава.
