ЈКП Комуналец – Прилеп со ноќна акција за чист град
Во пресрет на карневалската манифестација, екипите на ЈКП Комуналец – Прилеп реализираа засилени активности за уредување и чистење на градските улици, со цел Прилеп подготвено да ги пречека гостите.
Ноќеска беше извршено темелно миење на булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Прилепски бранители“, како дел од подготовките за одржување на карневалот. Комуналните служби работеа со зголемен интензитет, ставајќи го акцентот на чистотата и уредноста на јавните површини.
Од претпријатието информираат дека сите активности се реализираат со цел обезбедување чиста и пријатна средина за граѓаните и посетителите, потенцирајќи дека Прилеп е подготвен домаќински да ги пречека гостите и да ја прослави карневалската атмосфера.
