Прилеп добива поубав и безбеден кеј и тротоари
Денеска комуналните работници од ЈКП „Комуналец“ Прилеп завршија со кастрењето на дрвјата по дрворедите на улицата Сотка Горѓиоски, на потегот од старата автобуска станица до раскрсницата Чумовчани.
Според планот за работа, во наредниот период ќе се кастрат дрвјата со ниска крошна во парковите и по тротоарите. Приоритет ќе се даде и на кастрењето и обликувањето на брезите од двете страни на кејот на Градската река, со цел подобрување на безбедноста и естетскиот изглед на јавните површини.
ЈКП „Комуналец“ апелира до граѓаните за разбирање и соработка за време на изведбата на овие активности.
