Населението старее: Просечната возраст во Македонија порасна за речиси пет години
Демографската слика на земјава покажува јасен тренд на стареење на населението. Најновите податоци на Еуростат за 2025 година откриваат дека средната возраст на населението во Македонија изнесува 42,21 година, што е нешто под просекот на Европската Унија, каде средната возраст достигнува 44,9 години.
Во изминатата деценија разликата е особено забележлива, објави 4news.mk Во 2015 година средната возраст во земјава изнесувала 37,4 години, што значи дека за десет години е зголемена за речиси пет години – показател за засилено стареење на популацијата.
Во регионални рамки, помладо население од Македонија има само Црна Гора со просек од 40,4 години. Повисока средна возраст бележат Албанија со 44,3 години и Србија со 45,4 години. Уште повозрасно население имаат Грција и Бугарија со по 47,2 години, додека во Хрватска и Словенија просекот изнесува 45,5 години.
Во рамки на Европската Унија, најмладо население има Ирска со средна возраст од 39,6 години, додека најстаро е населението на Италија, каде просекот достигнува 49,1 година, објави 4news.mk
На ниво на ЕУ, средната возраст од 2015 година до денес се зголемила за 2,1 година – од 42,8 на 44,9 години. Раст е регистриран во речиси сите земји членки, со исклучок на Германија и Малта, каде е забележано минимално намалување од 0,4 години.
Најизразено стареење во ЕУ има во Словачка и Кипар, каде средната возраст пораснала за 4 години, објави 4news.mk Следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (по +3,8 години), како и Португалија со раст од 3,7 години.
Податоците укажуваат дека стареењето на населението останува еден од клучните демографски предизвици и за Македонија и за Европа, со директни импликации врз пазарот на труд, пензискиот систем и социјалната политика.
