Фалц пари кружат низ Македонија, голема акција на полицијата
Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против Ч.Ј.Б. (26) од Турција, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. Пријавата е поднесена откако биле откриени фалсификувани пари поврзани со осомничениот.
Според информациите, на 06.01.2026 година, на бензинска пумпа во селото Жеровјане, тетовско, пријавениот платил купени производи со фалсификувана банкнота во апоен од 50 евра. По преземените мерки, СВР Тетово ја документирало случката и поднело соодветна кривична пријава против него.
