Ски центарот Копанки на Пелистер продолжува со работа
Ски центар Копанки утре продолжува со работа!, објави вечерва ЕСМ Молика.
-Драги љубители на снегот и зимските спортови, ве известуваме дека од утре 15.02 Недела, Ски центар Копанки повторно продолжува со работа и ве очекува на планина. Во овој период ќе биде во функција само ски лифтот, па Ве молиме да го планирате вашето скијање согласно условите.
Уживајте во свежиот планински воздух, прекрасната природа на Пелистер и вистинска зимска атмосфера.
Се гледаме на стаза!, објваи ЕСМ Молика
